Се уште не доручкувате наутро? Тогаш веројатно ова е лоша вест за вас!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да, можеби сме досадни, но доручекот е се уште најважниот оброк во денот, колку и да го избегнувате или да го заменувате со кафе.

Прескокнувањето на доручекот може не изгледа како голема грешка, но освен здебелување и дијабетис има уште една последица која можеби ќе ве натера да го започнете денот со доручек.

Имено, ако нешто не ставите во уста веднаш штом се пробудите, во усната шуплина се задржуваат бактерии кои се збираат во текот на ноќта, а всушност тие предизвикуваат непријатен здив. За работата да биде подобра, бактериите може да ги отстраните само со одредена храна.

„Прескокнувањето на доручекот е една од најлошите навики која ја прави нашата уста рај за бактериите“ рече естетскиот стоматолог Мервин Дриан. Ако стварно не стигнете да јадете нешто конкретно како јајца или смути, барем напијте се чаша вода и изедете едно парче било какво овошје.

Дриан не препорачува благи работи како што се енергетските пијалоци, бидејќи тие се полни со шеќери и ствараат подлога за уште повеќе бактерии.