Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо во декември доби отказ од кормилото на Манчестер Јунајтед, но по се изгледа нема долго да остане без работа.
„Специјалниот“ се уште припаѓа на самиот тренерски врв, па откри дека после заминувањето од „Олд Трафорд“ веќе одбил три понуди.
„Среќен сум со овие неколку недели, среќен сум со искуството и сега ќе можам да направам анализи кои нормално не можев да ги направам. Но, јас се познавам самиот себе и знам дека до крајот на март ќе се мачам со мојата среќа“.
„Ќе ги анализирам работите. Веќе одбив три понуди затоа што не чувствував дека се тоа што јас сакам. Сакам да бидам миран и да имам повеќе време за подобро да се подготвам“, откри Мурињо во интервју за „БеИн Спортс“.
Медиумите веќе открија дека добил понуда од Бенфика, а силно се шпекулира дека Реал Мадрид и ПСЖ го сакаат Португалецот во своите редови.