Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пакистански патнички авион со повеќе од 40 лица се урна во северниот дел на земјата, јавија официјални лица. Сите патници од летот се загинати.
Авионот на пакистанската авиокомпанија се урна денеска во попладневните часови во близина на градот Хавелиан, околу 70 километри северно од Исламабад. Спасувачите се уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата и не е јасно дали има преживеани. Летот ПK-661 изгубил контакт со контролата на летање на својот пат од северниот пакистански град Читрал кон главниот град.
Последната голема несреќа во Пакистан беше во јули 2006 година, кога еден авион за Лахоре се урна кратко по полетувањето од централниот град Мултан, при што загинаа повеќе од 40 луѓе.