Се укинуваат сертификатите за вакцинација против Ковид-19 за отворените тераси на угостителските објекти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Комисијата за заразни болести предлага и други олеснувања на анти-ковид мерките освен укинувањето на носењето маски за основците на часови. Една од нив е укинување на мерката за приложување сертификат за вакцинација во отворениот дел од угостителските објекти, како и капацитетот на исполнетост во затворени објекти како опера, театар и кина, од 50 да се зголеми на 75%.

„Ваквото ублажување на мерки е резултат на „смирената “ состојба со коронавирус, но истите можат повторно да се вратат доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Мерките треба да ги разгледа Главниот кризен штаб, а потоа се очекува и зелено светло од Владата. Од КЗБ ги повикуваат граѓаните да продолжат да се вакцинираат, бидејќи како што нагласуваат, пандемијата сѐ уште не завршила.