Се „стопила“: Новите фотки од Адел предизвикаа лавина од коментари на Твитер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На социјалната платформа Твитер се појавија нови фотки од славната пејачка Адел, на кои е евидентен нејзиниот драстично променет физички изглед.

Британската пејачка во последнава година ослабе над 20 килограми, а според новите фотографии, очигледно нема престанато со диетата која ја држи. Првично, телесната трансформација на Адел наиде на одобрување и пофалби кај нејзините обожаватели, но сега многумина од нив сметаат дека пејачката веќе претерала со слабеење.

„Оваа не е Адел, оваа е Емили Блант“, „Страшно, градите ѝ се истишиле“, „Веќе не личи на себеси“, беа само некои од критичките коментари.

Адел, покрај пеењето, многумина ја обожаваа и поради нејзиниот став кон облините.