Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фонтана ди Треви е една од најголемите и најпознати архитектонски и уметнички дела и светска туристичка атракција која секоја година ја посетуваат огромен број туристи кои се во посета на „вечниот град“ Рим. Селфи фотките од оваа импресивна атракција се неизбежен момент за зачувување на спомените од посетата на истата.
Токму поради место за селфи фотка кај фонтаната, две туристки кои сакаа да го овековечат својот момент при посетата, на крајот се степаа поради за тоа која да се слика на местото кое и двете го намерачиле за своето селфи. Во тепачката на крајот учестуваа 8 лица.
19-годишна Холанѓанка и 44-годишна Американка со италиканско потекло се степаа кај Фонтана ди Треви бидејќи и двете сакале на исто место да сликаат добро селфи.
Двете верувале дека токму од тоа место најдобро се гледа импресивната скулптура зад нив. Ниту една не сакала да се мрдне, па почнале да се туркаат и удираат. Набрзо им се приклучија членовите на семејството, а и полицијата мораше да реагира.
Baralla a la Fontana di Trevi, Roma, per aconseguir el millor lloc per fer-se una selfie. pic.twitter.com/EK1gqWTZNz
— Humans Of Late Tourism (@LateHumans) August 10, 2018
Никој не е повреден, но полицијата сепак напиша кривични пријави поради насилство и закани.