Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џејми Оливер на крајот на 90-те во своето кулиранско шоу ја шармираше публиката со опуштен пристап и насмевка. Набрзо стана омилено лице на телевизиските екрани, а потоа започна бизнис.
Но, се смета дека улогата работник не му иде толку добро како улогата славен кувар бидејќи неговото кулиранско царство се најде на работ на пропаст.
Неодамна потврди затворање на 12 од вкупно 37 ресторани од франжизата Џејми Италијан, а медиумите почнаа да пишуваат дека е во долгови до гуша. Според нив наводно Оливер должи дури 71.5 милиони фунти што вклучува плаќање данок, најмување на простор и исплата на добавувачите. Исто така на своите вработени им должи 2.2 милиони фунти.
Својот прв ресторан го отвори во 2008 кога беше познат од своите емисии и од книгите кои ги издаваше, а со нив доживеа голем успех.
Неговото царство брзо се ширеше, а своето име го брендираше и беше дел од многу ресторани.
На врвот од кариерата имаше дури 42 ресторани со италијанска кујна во Велика Британија и многу ресторани во странство.
Популарноста му беше голема од самиот почеток. После телевизиското деби тој докажа дека е млад кувар кој го зборува јазиок на обичните луѓе, а потоа започна со промовирање здрава храна во британските училишта.