Се сопнал додека купувал лубеница – маркетот ќе му исплати 7,5 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Популарниот синџир на маркети Волмарт ќе биде принуден да исплати 7,5 милиони долари како обештетување на човек од Алабама кој што тврди дека се повредил во нивна продавница кога се сопнал додека купувал лубеници.

Судот одлучил дека Волмарт биле немарни во овој случај. Хенри Вокер тврди дека паднал и го скршил колкот откако неговата нога останала заробена во палетата на која што стоеле лубениците.

Според судот Волмарт требало да ја покрие палетата за ништо да не може да мине помеѓу.

Од Волмарт изјавија дека палетите не се опасни, кажаа дека се разочарани од пресудата и најавија жалба.