Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Афтите се мали, болни ранички кои се јавуваат на слузокожата на усната и знаат да бидат многу болни. Нејчесто се јавуваат на врвот или ивиците на јазикот, од внатрешната страна на образот или внатрешната ивица на устата.
Причината за појава на афтите во најголемиот број случаи е пад на имунитетот, но и генетски предиспозиции, недостаток на витамини, минерали, стрес, бактериски инфекции, анемија, замор, менструален циклус, хормонски дисбаланс, лоша исхрана.
Лекувањето е обично симптоматско и вклучува примена на антисептик и антивоспалителни лекарства.
Афтите можат да се лекуваат и со природни состојки. Најдобриот природен лек е чајот од жалфија или невен со кој се плакне устата. Исто така, се препорачува плакнење на устата со алое вера три пати дневно. Кај лекувањето на афтите успешен се покажал и прополисот.
Доколку сте склони на појава на афти, би требало да ја корегирате исхраната. Конзумирајте големи количини на јогурт, тоа е докажано дека има позитивен ефект поради содржината на ацидофилната култура на бактериите, а конзумирањето на зелен зеленчук и житарици поради високото ниво на витамин Б.