Се смеат на исти глупави работи: Камила и принцот Чарлс се кикотеа на сериозен настан (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила беа во посета на канадскиот град Икалуит, по повод 150-годиншнината од формирањето на Канада, каде локалните жители организираа свечен пречек и презентација на нивната кулура.

Сепак, некои локлани обичаи им беа толку многу смешни на високите гости од Лондон, па кралската двојка не престана да се смее.

Ним особено им беа смешни двете пејачки на катајаг, традиционален вид на пеење што се изведува во дует, при што за разлика од модерното пеење, ова се изведува од грло и со вдишување.

Очигледно тоа им звучеше многу смешно на Камила и Чарлс, па тие не издржаа и „прснаа во смеа“.

Овој настан само го потврди она што го напиша авторот на биографијата на принцот Чарлс дека тој се вљубил во Камила затоа што се „смеат на исти глупави работи“.

Очигледно таа смисла на хумор ја делат и 40 години подоцна, што го покажаа на пречекот во Икалуит.