Home Спорт Се „скасаа“ Бензема и Меси

Се „скасаа“ Бензема и Меси

Откако заврши церемонијата на ФИФА на која Меси беше прогласен за фудбалер на годината, на социјалната платформа Инстаграм започна интересна „војна“ Бензема и Аргентинецот.

Прв започна Бензема, Меси одговори…Меси беше прогласен за најдобар фудбалер според ФИФА за 2022 година. И се ќе беше океј ако Карим Бензема не беше главен фаворит за освојување на наградата пред СП. Бензема се повреди, Меси играше и ја освои светската титула.

Разочараниот Бензема прво објави стори на својот Инстаграм каде непознато лице во видеото ја критикува Светската фудбалска организација, а продолжи со нови фотографии. Објави заедничка слика со Винисиус Јуниор со натпис „ѕверови“, алудирајќи на одлуката на ФИФА да го изостави бразилскиот напаѓач надвор од топ 11, а потоа сподели објава на една страница во која ги истакнува сите негови достигнувања во изминатата година.

Неколку часа по дешните објави на Бензема следуваше и одговорот на Меси. Без многу мубаети и објаснувања, само една фотографија со освоениот пехар на Мундијалот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …