Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некои ќе речат дека тргнало на лошо веднаш штом го купил БМВ-то.
Шегата на страна, но овој сопственик на БМВ дефинитивно ќе остане запаметен. Станува збор за BMW Серија 3 кој очигледно заглавил во песок по грешка на возачот. Ниту уредот xDrive не бил корисен. Проблемот никогаш не доаѓа сам, па сопственикот го заклучил автомобилот од непозната причина и не можел повторно да влезе. Згора на се, продолжил да работи моторот, а наместо да работи во лер, била активирана брзина, и тоа за рикверц.
Во најлош случај, ќе мора да почека да се потроши горивото.
Едно од сценаријата е дека возачот дал премногу гас и веднаш се закопал. Тогаш излегол збунет од автомобилот и ја треснал вратата, а додека возилото „се движело“, вратата се заклучила автоматски.