Сè што лета на небо од страна на авион може да го следите со оваа апликација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новата апликација Ви овозможува на 3D картата на светот да ги следите летовите на сите авиони, што во дадениот момент се наоѓаат во воздух.

„Airspace Explorer“ (пребарувач) обезбедува информации за маршрутата на секој авион, височина на која лета, неговата брзина и типот.

За разлика од другите апликации, оваа дава и радарски податоци за позицијата на авионот, секако, не сметајки ги воените авиони.

Со апликцијата ќе може да ја набљудувате 3D картата на воздушниот простор и да стекнете вистински увид за височината на која авионите се движат, како и разликата меѓу контролираниот и неконтролираниот воздушен простор.

„Airspace“ експлорерот моментално е достапен за ајпед уредите што се оперативни со 9.3 верзијата на iOS-а или поновата.