„Се сексав со 80-годишници – елитната проституција беше моја судбина“

проституција

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денес 27-годишната Андреа Верхун од Торонто уште студентка почнала да работи како ескорт дама. Излегувала со клиенти кои имале и по 80 години, а своите услуги ги наплаќала по 260 долари за час. За себе вели дека занимавањето со елитна проституција било нејзина судбинска определба.

За своето искуство одлучила да раскаже во книгата „Модерна курва“, која ја напишала во обид да ја тргне стигмата која се врзува за сексуалните работнички.

„Не чувствував срам поради секс со луѓе за пари. Ги сакам парите и го сакам сексот, па во што е тука проблемо? Единствен срам кој го чувствував беше срамот од другите“, изјави таа за Daily Mail.

A post shared by Andrea W.? (@weenerwoman) on

Почетоци во елитната проституција

Прв пат сфатила дека сака да стане ескорт дама кога со една пријателка посетиле стриптиз клуб. Колегите од факултет тие локали ги опишале како места каде работат жени кои се „дно“, но таа во стриптизерките видела само прекрасни жени кои демонстрирале женска енергија.

„Си помислив, зошто е ова табу? Мене тоа ми се чинеше како обратна црква, секси проповедничка на шипка ја изнесува својата проповед без ниту еден збор. ’Верниците’ гледаат и фрлаат пари на сцената, а оние најголемите ’верници’, кои сакаат приватно да се исповедаат за своите гревови, мора да платат 20 долари за приватен танц во скут“, опишува Андреа.

Таа одлучила да стане стриптизерка, но откако во стриптиз клуб го прославила својот 22-ри роденден, на телефон ја побарала мајката од една нејзина пријателка со која била таму. „Зошто не би станала ескорт дама? Приватно е, имаш возач кој ти дава безбедност и заработуваш многу повеќе“, било објаснувањето за понудата.

A post shared by Andrea W.? (@weenerwoman) on

Андреа тоа време студирала англиска клнижевност и религија на Универзитетот во Торонто и на студиите често пишувала приказни за моќен женски лик кој заработува со помош на својата сексуалност. „Ни на крај памет не ми паѓаше и самата да станам курва, додека една моја пријателка не стана ескорт дама и тогаш сфатив. Знаев што морам да станам. Со денови плачев, не можев ни да јадам ни да зборувам од возбуда со денови. Курвањето беше моја судбина“, вели таа.

„Не ме вознемируваше помислата на секс со непознати, ме возбудуваше тоа. Она што ме плашеше беше стигмата околу таа работа. Како ќе се заштитам од полови болести? Дали агенцијата нуди кондоми? Кои се шансите некој да ме нападне на работа? Што во тој случај?

Но, она што најмногу ме вознемируваше беше реалноста, фактот дека не можам отворено да зборувам за моето занимање поради стигмата која го следи тој занает. Знаев дека не можам да споделам со другите нешто што беше смешно или тажно на моето работно место и тоа ми го кршеше срцето. Затоа одлучив да ја напишам книгата“, објаснува Андреа.

A post shared by Andrea W.? (@weenerwoman) on

Чувството како ескорт дама

Наплаќала по 260 долари за час за своите услуги, од кои за себе можела да задржи 160 долари. „Поради тоа можев да се фокусирам на факултетот. Сама се издржував, помалку работев и можев повеќе време да поминам со книгите. Но, парите не беа единствениот мотив поради кој се занимавав со оваа работа.

Како писателка, вака можев да запознаам разни ликови, да ги запознаам на интимно ниво, без длабоко поврзување или согласување на моногамија. Можноста да учествувам во животите на луѓето без обврски ми беше доста привлечна“, додава Верхун.

„Имав чувство дека играм улога. Улога на прекрасна, женствена, отмена жена, улога која ја немав во својот секојдневен живот. Се чувствував како да ми плаќаат да бидам најелегантната верзија од своето јас, додека во секојдневниот живот времето главно го поминував во библиотека, без шминка и во мартинси“, раскажува Андреа.

A post shared by Andrea W.? (@weenerwoman) on

Најстариот клиент

Нејзиниот највозрасен клиент имал 80 години. „Алберт беше банкар, беше оженет, имаше деца и внуци. Се смеевме додека се слекувавме секој на својата страна од креветот, во соба со пригушени светла. Му ја милував кожата со љубопитност и радост, бидејќи беше полн со енергија. Имаше младешка енергија. Затворав очи пред него, и во чадот од марихуана си замислував дека водам љубов сочовек на мои години. Со него сфатив дека чувството на старост навистина е само личен избор. Поради него научив да бидам среќна што сум жива.

Често размислував за него вослободното време, дури и разговарав со пријателките, семејството, па дури и со дечкото кој еднаш ме праша дали сум сигурна дека не сакам да бидам со него. Сепак, моите колешки не го делеа моето мислење за Алберт. Го викаа стар диносаурус. Се обидов да го бранам, но безуспешно. Сепак, тој беше многу повеќе од своето тело“, пишува таа во својата книга.

A post shared by Andrea W.? (@weenerwoman) on

Приватниот живот

Својот дечко Андреа го запознала кога веќе се занимавала со давање ескорт услуги, но тоа не му пречело. И нејзиното семејство знаело за нејзината ескорт кариера. Сепак, после дипломирањето, нејзината мајка ја прашала кога планира да престане да се занимава со тоа. „Реков – до следниот роденден. Си дадов рок уште една година и тој рок си го запазив“, вели Андреа, која сака исте да знаат дека луѓето кои бараат услуги од ескорт дами не се некои несекојдневни мажи и криминалци.

„Тоа се ваши колеги, сопружници, татковци. Тие не се насилници, туку кон девојките се однесуваат со почит. Не е фер да ги демонизирате нашите клиенти само затоа што ние како општество се срамиме да зборуваме за нашите сесксуални потреби“, заклучува Андреа.