Се самоуби врвна њујоршка лекарка која се бореше против коронавирусот и заболе од него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Д-р Лорна М. Брин, која ја вршеше директорската функција на итната помош во болницата во Њујорк „Presbyterian Allen Hospital“ на Менхетен, почина како последица од самоповредувањето кое си го нанела себеси, пренесува њујоршката полиција.

Таткото на починатата 49-годишна докторка, д-р Филип Брин за Њујорк тајмс рекол дека таа „пробувала да ја врши својата работа и тоа ја убило“. Немала историја на ментални болести, се заразила со коронавирусот

Таткото на починатата вели дека неговата ќерка немала историја на ментални болести. Умрела во Вирџинија, каде престојувала кај фамилијата. Лорна Брин се заразила со коронавирусот на работа, но се вратила по десеттина дена, откако се излечила, вели нејзиниот татко.

Од болницата повторно ја испратиле дома, а потоа фамилијата интервенирала и ја довеле кај нив, вели нејзиниот татко. Тој наведува дека последниот пат кога се слушнал со својата ќерка, Лорна делувала „потресено, практично одвоена од реалноста“ и му рекола дека Ковид-19 пациентите умираат пред да успеат да излезат од амбуланта. Десетина, па и стотина пациенти заразени со коронавирусот лежат во болницата со повеќе од 200 кревети во Менхетен.

„Навистина беше во првата линија на борбата“, рекол нејзиниот татко за Тајмс и додал: „Погрижете се да биде запамтена како херој. Таа е жртва исто како и сите починати од коронавирусот.“