Се распаѓа системот на Барса: Меси гневен поради навредите од Енрике кон него и екипата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дека чудата не се случуваат секој ден се свесни и во Барселона. После потопот на Паркот на принцовите, од Камп Ноу стигнаа охрабрувачки и мотивирачки пораки, како до Луис Енрике, така и до неговите играчи. На крајот, чудото се случи и Барса, со извесна помош и од судијата, ги надомести негативните четири гола од Париз и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Но, после дебаклот во Торино, изгледа дека во Каталонија никој не верува оти Барса може да ги надомети негативните 3:0. Последиците од овој тежок пораз се почувствуваа уште следниот ден, а хаосот во соблекувалната од Барселона дојде како порачан за Реал Мадрид, бидејќи „Ел Класико“ е на распоредот на натпревари за десет дена, и тоа на Сантјаго Бернабе. За нештата за актуелниот шпански првак да бидат уште полоши, на мегданот со кралскиот клуб нема да излезе Нејмар, кој е казнет поради навреди и саркастичен аплауз на судијата на дуелот со Малага минатата сабота.

Marca пренесува дека Луис Енрике, веднаш после натпреварот во Торино, уште во соблекувалната жестоко вербално се нафрлил на Меси и на уште некои ѕвезди од Барса, а тоа најмногу го погоди Аргентинецот, кој во средата тренираше сам, одделен од остатокот од екипата.

На новинарите од Marca не им требаше многу за да ги склопат коцките од приказната дека судирот на релација Енрике-Меси е уште еден доказ дека најдобриот играч на светот, како што тврди медиумот, сигурно ќе ја напушти Каталонија и ќе замине кај својот омилен тренер Гвардиола, во Сити.

 

Аргентинецот има договор со Барселона до летото 2018 година, но постоечкиот уште го нема продолжено, што за многумина е знак дека сака да ја смени средината. Сепак, оние оптимистички настроени навивачи на Барса веруваат дека Меси ќе стави автограм на новиот договор штом Енрике го напушти клубот, а тоа ќе биде на крајот од оваа сезона.