Home Актуелно „Се пушта на најјако“: Груби си брка тематска мода на поставување на камен-темелникот за Коридор 8

„Се пушта на најјако“: Груби си брка тематска мода на поставување на камен-темелникот за Коридор 8

Вицепремиерот Артан Груби на денешното поставување камен темелник на проектот Коридор 8 пристигна облечен во маица на која е испечатен автопатот, а на средина бројот „8“.

Поставувањето на камен темелникот за започнување на изградбата на коридорите 8 и 10д, воедно и најголем инфраструктурен проект што државата ќе ја чини 1,3 милијарда евра се одвива кај наплатнат рампа Тетово-Гостивар.

На настанот се обратија премиерот Димитар Ковачевски, Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…