Се продава за 400.000 фунти – заедно сосе тврдина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Недалеку од брегот на Милфорд Хејвен во Велс се наоѓа Stack Rock Fort, тврдина од 19 век, која е лоцирана на приватно островче кое во пакет со тврдината е пуштено на продажба.

Како што пренесуваат од агенцијата Purplebricks, која е задолжена за продажба на велшкиот остров, оваа понуда претставува одлична можност за купување на историска градба.

Тврдината е изградена во 1850 година, а нејзината градба е подобрена и зајакната во 1859 година. Се наоѓа на островот Пемброкшир. Служела за одбрана на Милфорд Хејвен и пристаништето на Кралската морнарица од инвазијата на Наполеон III.

Идејата за изградба на тврдината Star Rock уште во 1539 година ја предложил Томас Кромвел.

Потенцијалните купувачи треба да знаат дека островот и тврдината моментално немаат услови за живот таму, но после реновирањето можат да се користат како место за престој или за комерцијални цели.