Се продава родната куќа на Доналд Трамп – еве на колку се проценува


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Родната куќа на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, лоцирана во Квинс, предградие на Њујорк, повторно се става на аукциска продажба.

„Вредноста на куќата не се циглите и малтерот, туку има поголемо значење , вели аукционерот Миша Хагани . Куќата денеска е ставен ан продажба , што ќе трае до 14. ноември.

Родната куќа на Трамп од почетокот на минатиот век , во Тудорски стил е проценета на 2,9 милиони долари, многу повеќе отколку куќите во ист стил во истото предградие, кои имаат цена не поголема од 1,8 милиони.

Доколку во неа не беше роден Трамп , кој живеел со семејството во куќата до својата 4-годишна возраст, ќе чинела околу милион долари.

Пред само две години истата куќа била продадена на аукција за 2,14 милиони долари , а купувачот е неименуван. Две недели пред таа продажба , инвеститор ја купил за да ја продаде поскапо за 1,39 милиони .

Куќата во последните две години се издавала за 4 000 долари месечно , односно за 725 долари на ноќ. Татко му на претседателот , Фред Трамп ја изградил куќата со пет спални соби и четири купатила во 1940 година. Куќата се продава со сите додатоци , како и со гаража за седум возила.

Се очекува за куќата речиси три милиони долари да плати некој обожувател на Трамп , вели аукционерот.