Се продава Мерцедесот кој го возел славниот германски голман


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интернет оглас за продажба на еден модел од Мерцедес ги крена на нозе Германците кои се пасионирани обожаватели на овој автомобилски бренд.

На продажба е пуштен Мерцедесот кој своевремено го поседувал и возел славниот германски фудбалски голман Оливер Кан, додека бранеше во редовите на Карлсруе. Моменталниот сопственик на Мерцедесот ги објави и документите за сопственост на возилото за да го докаже тоа.

Човекот кој моментално го поседува Мерцедесот од Оливер Кан се вика Петер Аткинс. Типот решил да го продаде автомобилот, а неговата цена на аукција моментално има достигнато некаде околу 8.500 евра. Освен возилото, новиот сопственик кој ќе го купи Мерцедесот, ќе ја добие и сопственичката картичка од автомобилот потпишана од Оливер Кан.

„Се сеќавам кога го купив и ги разгледував документите. Не можев да си поверувам дека овој Мерцедес некогаш го возел легендарниот Оливер Кан. Бев премногу среќен. Поседувам доста автомобили и едноставно е време за разделба од овој модел. Кој сака да го купи, слободно може да дојде да го разгледа. Би го продал за 8.600 евра, но се надевам дека ќе добијам 10.000. Сè повеќе од 20.000 евра како сума која би ја добил за Мерцедесот е сон. Доколку некој понуди толку, 5 проценти од сумата би ги донирал во хуманитарни цели“, објасни Аткинс.