Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Серијата „500“ од славниот германски автомобилски производител Mercedes-Benz е една од најуспешните негови серии, заедно со нејзините наследни генерации на модели. Меѓу нив е и Mercedes 560 SEL, кој и денес негува посебен статус на легенда.
Со вонвременски дизајн, кралска удобност и 299 КС на моќниот 5,5 V8 мотор, овој автомобил е сè уште поим за комоција и појавна помпезност.
Една таква лимузина е на продажба на mobile.de. Она што го прави посебен е тоа што по 33 години од производството, тој поминал ни повеќе ни помалку, туку само 46 км. И бидејќи никогаш не бил регистриран, Поради тоа овој примерок на Mercedes се евидентира како нов.
Иако сопственикот го фали како нераспакуван примерок , фотографиите докажуваат дека навистина е така. Сè е на своето место, како да е сега 1986 година кога би произведен.
Точно, кабината ги покажува годините во некои детали, но затоа седиштата изгледаат како никој да не седнал на нив сите овие години.
Позната е и цената. Продавачот бара за овој Mercedes 150.000 евра, забележувајќи дека е „тешко да се пресмета вистинската вредност на автомобилот“.