Се приближува најголемиот УФЦ спектакл: Пет работи кои треба да ги знаете за Кабиб Нурмагомедов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во неделата на најдолгоочекуваниот ММА дуел во истројата на УФЦ борбите, Кабиб Нурмагомедов против Конор Мекгрегор, британскиот „Индепендент“ издвои пет работи кои треба да се знаат за шампионот од Дагестан, Русија.

Како што е познато ова ќе биде правта одбраната на појасот на Кабиб, кој го освои во април со победата над Ал Јакинта. Само неколку дена порано му беше одземен шампионскиот појас на Мекгрегор поради не активност цели две години.

Карактеристична шубара

Нормагомедов стана познат по големата волнена капа, која ја носи на сите официјални дуели. Таа се нарекува шубара и е традиционална за народите од Кавказ. Кабиб е роден во Дагестан, а корените му се од т.н кавкаски авари кои го населуваат Сверен Кавказ и Дагестан.

Голема нетрпеливост

Кабиб и Конор демонстрираа взаемна почит до пред неколку години, но со ривалитетот во ММА постепено се роди нетрпелисвост, која постепено растеше. Ситуацијата ескалира во април оваа година, кога Конор го нападна автобусот на Кабиб, а нападот беше провоциран од скандалот помеѓу неговиот пријател Артум Лобов и Нурмагомедов.

Рекордна серија на победи

Кабиб е сопственик на најдолгата серија на победи во ММА и против Мекгрегор ќе се обиде да ја продолжи серијата – засега има 26 последователни победи од кои 10 се со судиска одлука, 8 со нокаут и 8 со предавање на борбата. Нурмагомедов го држи и рекордот за тачдауни во УФЦ во еден меч, откако го Трухајо го фрли на земја 21 пат од 27 обиди во 2013 година.

Социјални мрежи

Кабиб е многу популарен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. Тој има повеќе од 6 милиони следбеници и единствено Мекгрегор е попопуларен од него меѓу ММА борците. Редовно објавува материјали од секојдневните тренинзи и исламски религиозни обичаи.

Фудбалски фан

Кабиб е голем фан на Реал Мадрид и беше поканет да го гледа во живо мечот со Реал Сосиедад во Примера во февруари. „Кралевите“ тогаш победија со 5:2 со хет-трик на Роналдо, кој на крајот му го подари дресот со автограм. Нурмагомедов пак му ја даде на Роналдо познатата шубара. Во руското првенство Кабиб навива за Анжи – тимот од главниот град на Дагестан, Махачкала.