Се преврте чамец со бегалци кај Лезбос – најмалку осум загинати


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најмалку осум мигранти се загинати откако се превртел чамец кој од турското крајбрежје тргнал кон грчкиот остров Лезбос. Спасувачките екипи ги пронашле телата на тројца мажи, четири жени и едно дете, а спасени се две жени од кои едната е бремена.

Неофицијално, според турските медиуми, бројот на загинати е поголем. Причините за несреќата не се познати, ниту пак се знае точниот број на бегалци што се превезувал во чамецот.

Спасувачката акција се уште е во тек, а во неа учествуваат бродови и хеликоптер на ФРОНТЕКС, бродови на грчката крајбрежна служба, приватни чамци, како и брод на грчка воена морнарица.