Се премисли: Анџелина Џоли си го сака Бред Пит назад?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако во септември, 2016 година, тие двајца поднесоа документи за развод, според новите информации кои ги пласира The Sun, Анџелина Џоли наводно сака повторно да го освои и врати својот бивш сопруг Бред Пит назад во нејзиниот живот.

Наводно, таа е причината поради која Џоли толку го одолговлекува дефинитивниот институционален крај на разводот. The Sun пренесува дека таа на Бред јасно му дала до знаење дека сака да се смират и го сака назад. Џоли сакала повторно да станат семејство, но Бред не сакал ни да чуе за тоа и единствено му се важни нивните шест заеднички деца.

„Бред само сака сето ова најпосле да се реши. Сето тоа можеше да биде готово уште пред една година, но Анџелина го одолговлекува тој процес“, вели изворот за таблоидот.

Минатата година Џоли призна дека нејзините односи со Пит се влошиле и тврдеше дека се прилагодува на животот како слободна жена.

Токму таа во септември, 2016 година, поднесе документи за развод. Неколку недели откако тие двајца признаа дека се разделуваат, Бред беше ставен под истрага на ФБИ поради обвинување дека физички го малтретирал синот Медокс. Обвинувањето подоцна беше отфрлено.

Адвокатскиот тим на Анџелина, во 2017 година, го обвини Бред дека не плаќа редовно алиментација, но неговиот адвокат потврди дека во тој период Пит исплатил алиментација во висина од 1,27 милиони евра. Исто така, додаде дека Бред ѝ позајмил на Џоли 7 милиони евра за да купи куќа за семејството.

Анџелина и Бред имаат три заеднички биолошки деца – Шајло, Нокс и Вивиен, како и три посвоени деца од Анџелина – Медокс, Пакс и Захара. Парот последен пат беше виден заедно во февруари оваа година, во адвокатска канцеларија во Лос Анџелес.