Се повторува случајот Нејмар: ПСЖ ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Барса


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пари Сент Жермен е во потрата по квалитетен играч за врска, а француските медиуми тврдат дека прва желба е ѕвездата на Барселона, Иван Ракитиќ.

Наводно претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи се заљубил во Хрватот за време на Светското првенство и ќе направи се за да го донесе во Париз.

„Мундо Депортиво“ во своето денешно издание потврди за инетерсот на ПСЖ кон Ракитиќ, но Барселона не сака да се откаже од Хрватот.

Ракитиќ е еден од фудбалерите кои одиграа најмногу натпревари откако пристигна Валверде на „Камп Ноу“, но проглем е неговата откупна клаузула во договорот.

Имено, Ракитиќ може слободно да замине доколку некој клуб плати 125 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула.

Каталонците сега стравуваат дека може да се повтори случајот Нејмар и ПСЖ да ја плати споменатата сума. Воедно Барселона покажува силен интерес за Адриен Рабио, па „светците“ и нудат трампа со Ракитиќ и доплата.