Се повлече Илија Димовски: Влатко Ѓорчев ќе ги координира пратениците!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Координаторот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, самоинцијативно се повлече од таа позиција. Димовски вчера им ја соопшти оваа вест на своите колеги.

Неофицијално дознаваме дека неговата функција ќе ја наследи Влатко Ѓорчев.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да одлучат дали ќе го следат годишното обраќање на претседателот, Ѓорѓе Иванов, во Собранието, и дали ќе се вклучат во работата на парламентот, откако ги бојкотираа минатите седници.