Сè поради Гвардиола: Манчестер Сити го купува малиот клуб кој ја промени неговата историја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Сити е спремен да го купи новиот шпански прволигаш Жиронa, мал каталонски клуб кој се избори за настап во Примера за прв пат во историјата. Станува збор за кулминација на повеќегодишната соработка, а Жирона секогаш ќе има посебно место во историјата на Манчестер Сити – бидејќи тие се најзаслужни за одењето на Пеп Гвардиола во богатиот англиски клуб.

Приказната почнува во 2015 година, кога Пере Гвардиола, братот на Пеп и негов фудбалски агент, како челник на конзорциумот го купи мнозинскиот пакет акции во клубот. Негова цел беше да го внесе клубот во првата лига, а во тоа му помогна Манчестер сити кој се надеваше дека на тој начин ќе ја приближи до својата клупа својата голема желба Пеп Гвардиола.

Така, Сити го купи Рубен Собрино, играчот кој го сакаа во Жирона, но за кои беше прескап, и им го позајми на каталонците заедно со уште неколку играчи. На крајот, нивната соработка се покажа како одлична за двете страни – Жирона избори пласман во Примера, а Сити го доведе Гвардиола, тренерот кој требаше да создаде клупски идентитет и филозофија кои ќе го позиционираат Сити рамо до рамо со останатите европски фудбалски великани.

Дел од договорот вклучуваше и купување на Жирона ако влезе во Примера. На новиот прволигаш промоцијата му донесе голема финансиска инјекција, а за играчката треба да се погрижи Сити – дури седум нивни играчи помлади од 21 година можат да бидат засилување за новопечениот шпански прволигаш.

Еден од најважните потези на Гвардиола во Сити беше заживување на младинската школа, која во иднина би требало да произведува играчи за првиот тим. Судејќи според сè, тие на калење ќе одат во Каталонија кај братот од Пеп.