Се полоша состојбата на Арета Франклин: Пријателите и семејството им порачаа на фановите да се молат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кралицата на соул музиката, Арета Франклин, повеќекратна добитничка на Греми, тешко е болна. Окружена со семејството и пријателите во Детроит кои ги повикуваат фановите да се молат пејачката за закрепне, но и бараат приватност во овој тежок период, објави нејзиниот пријател и новинар, Роџер Фрајдман на Шоубиз 411.

Арета Франклин, пејачката најпозната по хитовите, Respect (196) и I Say a Little Prayer (1968), заболе од рак во 2010. година.

Последен пат настапи изминатата година за фондацијата на Елтон Џон во борба против АИДС во Њујорк. Претходно, пееше и во Филаделфија. Во описот за нејзиниот настап, Фрајдман тогаш порача: „Беше тоа чудесна изведба со оглед на нејзината исцрпеност и дехидрација“.

Првата жена е таа која учествуваше во Rock and Roll куќата на славните во 1987. година. Во текот на својата долгогодишна кариера, Франклин освои 18 Греми награди, вклучувајќи и една за животно достигнување.

Меѓу бројните хитови на Арета Франклин се истакнуваат уште: You Make Me Feel Like, A Natural Woman, Day Dreaming, Jump To It, Freeway of Love, A Rose Is Still A Rose…

Во 2005. година од претседателот Џорџ Буш беше одликувана со медал на слободата, највисоката американска цивилна награда.