Се појави забранета снимка: УФЦ-борачка ќе умреше при симнување килограми!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полската УФЦ-борачка, Јоана Једрејчук пред две години се припремаше за борба против Џеси Пен, а на припреминете поминуваше низ вистински пекол.

Имено, Једрејчук за таа борба мораше да симне дури 10 килограми, а во јавноста се појави снимка која беше забранета од стран на УФЦ. Појканињата морала да се поти за што побрзо да ја загуби тежината, па ја терале константно да влегува во када полна со жешка вода за да го поттикне телото на потење.

Видеото беше објавено откако ја прекина соработката со нутриционистичкиот тим кој се грижеше за нејзината исхрана. Таа за малку ќе умреше поради нивните чудни методи за симнување килограми.

Ваквите методи се се почести во УФЦ и низ ова поминуваат готово сите борци. Навистина застрашувачки.