СЕ ПОЈАВИ ТРЕТА СНИМКА: Катица вели дека ја контролира Лиле, Боки 13 открива дека знаел и Заев


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави трето видео од мегаскандалот Рекет во кој осомничените Боки 13 и Зоран Кичеец изнудуваат над 1,5 милиони евра од Орце Камчев.

Во ова трето видео Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Орце Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова ја има под своја контрола. Покрај евидентната вмешаност на Специјалната јавна обвинителка во разговорот за првпат се споменува и премиерот Зоран Заев.

Боки 13: Една позитивна работа што јас не ја соопштувам сега. Менаџирањето околу Заев и целата таа игра. Јас таа конструкција веќе ја имам смислено, направено.

Камчев: Добро, ти рече. Јас не се мешам, гледаш кај мене нема ништо не мрдам, кај мене нема ни милиметар од она што е договорено.

Боки 13: Знаеш, јас довербата ја стекнувам јавно, што сум го кажал на овој или на оној начин тоа ќе си го изработам и ќе си го завршам. Јас поради тоа што стекнувам доверба ти кажувам работи во поверение.

Камчев: Апсолутно да, да нема тука ништо злоупотреба, тоа е јасно.

Боки 13: Апропо Заев, ти кажав за Жаре и тоа ти кажав само тебе, не знае никој.

Камчев: Си бркаш работа, кој може…

Боки 13: Не, не ти кажав, ти велам…

Камчев: Да де, јасно јас не сум го чул Жарко, знаеш, не сум му свртел.

Боки 13: Не зборувам јас за тоа. Сеа си Дејан, стицајем околности сте во исто, па знаете дека имаат… За Жарко не знае ни Дејан, не знае ни никој. Сум ти кажал…

Камчев: А од кај да знае?

Боки 13: Еве ти кажувам, да не случајно ти се испушти.

Камчев: Дали си нормален, со Дејан ја многу ретко разговарам, прво.

Боки 13: Пред било кој.

Камчев: Заборави го тоа.

Понатаму има уште еден дел од разговор во кој Боки 13 кажува дека ќе се види со премиерот.

Боки 13: Утре се глеам со него

Камчев:Со Дејан?

Боки 13: Не

Камчев: Со Жаре?

Боки 13: Со Зоки.

Камчев: Со Зоки?

Боки 13: Со Заев.

Камчев: Мислам дека он нема да прави… така барем мислам, сега тоа ти треба да ми кажеш.

Боки 13: Знам јас што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, што не знае никој.

Камчев: Добро шефе.

Боки 13: Ќе ме испратиш до врата.

Овие разговори почнуваат од 4.06 минута.
Целото видео погледнете го во продолжение.