Се појави нова порно ѕвезда и навистина е посебна


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Порно индустријата без застој работи на тоа да внесува иновации во филмовите кои од една страна ги уништува интернетот, а од друга страна вкусот на фановите кои, незадоволни од класичната понуда, постојано бараат нешто ново и специфично.

Private Media Group, зад која стои долга традиција на снимање порно филмови, неодамна ја претстави својата нова порно ѕвезда. Станува збор за секс кукла, кој уште нема име, но медиумите ширум светот го проследија нејзиното големо стапување на сцена.
89
Споменатата компанија ги здружи силите со еден од најдобрите производители на секс кукли на светот, Lumidolls, и снимија 228-минутен филм со маж кој ја наоѓа својата девојка во кревет со секс кукла во еден специјализиран бордел, а како што би рекле медиумите – нема да ви се верува што се случи после тоа.

Секако, приказната е таква каква што може да се очекува од порно филм, но изгледа дека ова ќе биде нова голема појава во порно индустријата.

„Го снимивме тоа на шега, но беше забавно. Целата екипа одлично се забавуваше“, изјави за The Sun Патрик Гарсија од Private.

Главниот актер Доријан Дел Исла изјави дека целата таа работа била забавам но и малку било лудо додека актерката Софија Карли изјавила: „Да се работи со кукла е како да се гледа во иднината. Ова ќе се претвори во нешто големо“.

И Карли е во право. Куклите за секс и секс-роботите стануваат исклучително популарни, особено меѓу самците. Компаниите кои произведуваат вакви производи од година во година бележат сè поголем раст во продажбата. Причина за тоа се неверојатно реалистичните изгледи на нивните кукли.

Компјутерски генерираните слики (CGI) и роботиката наскоро ќе станат голем дел од содржината која ќе ги задоволува специфичните барања.

Мажите, жените, но и паровите ќе бараат и ќе плаќаат за содржини кои се посебно создадени за нив, а сето тоа најдобро е сумирано во реченицата која звучи речиси како рекламен слоган: „Технологијата е најдобар пријател на задоволството“.

Во анкета која минатата година ја направи Foundation for Responsible Robotics, 32 насто од испитаниците изјавија дека сексот со робот го сметаат за неверство. Еден насто повеќе од нив рекоа дека за нив тоа не е изневерување.

Lumidolls отвори три бордели со роботи за секс, во Барселона, Москва и Торино. Тие нудат услуги како „луксузна мастурбација“ и на муштериите им нудат можност да си ги остварат најлудите фантазии.

Како порно индустријата ќе се носи со овие нови трендови останува да видиме. Но, не треба да се сомневаме дека ќе најде оригинални решенија.