Се пофали со новата машина за перење, не сфати дека се гледа оти е гола


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не секогаш побрзото е и подобро, или со други зборови, брза кучка, слепи кучиња раѓа – така некако гласат поговорките кои очигледно не ги имала на ум Луис кога решила на социјалните мрежи да се пофали со новата машина за перење алишта што си ја купила.

Таа се пофали со новата машина на страницата од продавачот со фотографија од истата проследена со пофални зборови за производот. Но, дали намерно (се надеваме дека не) или во брзањто, не ѕирнала дека на фотката се открива оти таа машината ја слика во топлес издание, облечена само во гаќички.

„Ја обожавам мојата нова машина за перење, има голема убава врата и свири пријатна музика кога ќе заврши со перењето“, напиша Луис, не забележувајќи дека токму нејзиниот одраз на вратата ја издава нејзината голотија.