Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните неколку дена светските медиуми се преокупирани и преплавени со вестите за челниот човек на една од највлијателните земји во светски рамки, принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман, или едноставно МбС.
Мрачната страна на прогресивниот реформатор
Човекот кој западните медиуми своевремено го претставија како прогресивна сила во земјата позната по сè освен по прогресивни потези, неодамна се најде во скандал откако во саудискиот конзулат во Турција беше убиен саудискиот новинар Џамал Кашоги, инаку, еден од најгласните критичари на „прогресивниот“ принц.
Малку луѓе надвор од Саудиска Арабија воопшто имаа чуено за МбС пред 2015 година. Тој го привлече вниманието на западните медиуми откако воведе реформи кои, меѓу другото, им овозможија на саудиските жени да смеат да возат автомобили и да посетуваат спортски настани. Во исто време, одобри апсење на активистка за правата на жените, но тоа е нешто на што се посвети мало внимание.
Тежок три милијарди долари
Неговото целосно име е Мухамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд. Роден е на 31 август, 1985 година, како син на моменталниот водач, кралот Салман и неговата трета сопруга Фахде бинт Фалах бин Султан бин Хатлен. Со политика почна да се занимава во 2009 година, како еден од асистентите на неговиот татко, а овој правник во тоа време уште беше гувернер на Ријад.
Меѓутоа, освен поврзаноста со бруталното убиство на Кашоги, МбС ги фасцинираше медиумите и со приватниот живот, според кој, тој е моментално една од најинтересните славни фаци на светската сцена.
Принцот Мухамед во брак е со својата роднина, принцезата Сара бинт Машор бин Абдулазиз, со која се венчаа во 2008 година и имаат четири деца – две момчиња и две девојчиња. Неговото богатство, исто така, е нешто што ја фасцинира јавноста. Принцот е исклучително богат, а „тежи“ повеќе од три милијарди долари, што е неверојатно дури и според мерилата на саудиското благородништво.
Палати, јахти и скапоцени уметнички дела
Сопственик е на една од најскапите куќи на светот, а за големата палата Шато Луи XIV, во близина на Версај, во 2015 година искешира 300 милиони долари. И тоа, патем речено, е една од неговите екстравагантни аквизиции. Во медиумите се појавија информации дека купил јахта за вртоглави 500 милиони долари.
„Што се однесува до моите приватни трошења – богат сум, не сум сиромашен. Не сум ниту Ганди, ниту Мандела“, изјави тој во март оваа година.
Купувањето на францускиот дворец и раскошниот живот нималку не е необичен за многубројните наследници на кралот Салман, кои уживаат во животот далеку од своето кралство, на француската ривиера и луксузните одморалишта во Шпанија. Сопственици се на палати, имаат сметки во швајцарските банки и ги поседуваат некои од најголемите и најскапи јахти на светот.
Самиот крал Салман наводно тежи 17 милијарди долари и е сопственик на вили лоцирани на југоистокот од Франција, каде го нервира локалното население со затворање на плажите за време на неговиот годишен одмор.
„Бизнисмен“ од младоста
Големото богатство на МбС не е толку изненадувачко ако се заме во предвид приказната која се врти околу него. Имено, The New Yorker објави статија во која открива дека младиот принц уште како тинејџер агресивно го користел својот статус за дополнително да се збогати, иако бил син на најмоќниот човек во Саудиска Арабија, кому никогаш апсолутно ништо не му недостигало.
Со своите потези го стекна прекарот Абу Расаса, што во превод значи „татко на куршумот“, а го доби откако се обиде да изврши притисок на државен службеник од кој барал да му овозможи купување на земјиште на кое фрлил око. Откако службеникот одбил да го стори тоа, на домашната адреса му стигнал коверт во кој се наоѓал куршум.
Сепак, неговите пријатели тврдат дека и самиот принц е свесен за тоа дека во младите денови знаел да претера и дека со текот на годините се обидел да се искупи за пропустите и грешките од младоста.
Беше арогантен и во една прилика одлучи да изврши притисок на серија богати бизнисмени од кои бараше да уплатат пари на неговата сметка. Со тој метод, наводно, собрал над 30 милиони долари во само неколку недели.
„Тој е син на саудискиот крал. Никој нема да се осуди да му каже не“, изјави еден од неговите пријатели.
Американската турнеја и славните пријатели
Иако денес е поумерен, многумина тврдат дека ја задржал неговата ароганција, па не е некое изненадување дека многу му се допаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е воодушевен од младиот принц. Неговата вмешаност во убиството на Кашоги го принуди Трамп јавно да му упати прекор на својот миленик.
Секако, не смееме да заборавиме дека е исклучително тешко да се разнишаат стабилните бизнис односи меѓу САД и Саудиска Арабија, па така не е изненадувачка и реакцијата на Трамп.
Но, пред да се појави приказната за убиството, многумина благонаклонето гледаа на саудискиот принц, кој во текот на неговата американска турнеја се сретна со низа славни и влијателни личности, меѓу кои и Опра Винфри, Бил Гејтс, Тим Кук, Илон Маск, Морган Фримен, Џејмс Камерон, Џеф Безос, Ричард Бренсон, Двејн „Карпата“ Џонсон кој го пофали потегот на принцот, после 35 години, повторно да дозволи отворање на кино сали.
Секако, откако во медиумите се рашири приказната за убиството на Кашоги, многу западни „пријатели“ јавно му свртеа грб на принцот.
Непоколеблива поддршка од поданиците
Интересно е тоа што граѓаните на Саудиска Арабија не реагираат на лицемерието и фактот дека парите кои безобразно ги троши на јахти и палати може да ги троши за потребите на своите граѓани. Уште повеќе, многумина го бранат и истакнуваат дека заслужува милион палати.
Од една страна, имаме „борец против корупцијата“ кој тргна во војна со богатите злупотребувачи на сиромашните, а од друга страна, човек кој во своја сопственост има јахта вредна 620 милиони долари и 500 години стара уметничка слика од Леонардо да Винчи вредна 450 милиони долари, со чие купување минатата година беше срушен аукцискиот рекорд на Christie. Со палатата во Франција, тоа се вкупно повеќе од една милијарда долаи кои ги има „спискано“ на само три ствари.
И додека западњаците се труда да најдат дупки во оваа приказна, неговите сограѓани активно го бранат, истакнувајќи дека станува збор за богат бизнисмен кој својата финансиска позадина и моќ ја создал пред доаѓањето на власт и дека станува збор за негови пари кои може да ги троши како што сака.
Се коваат и теории на заговор, па некои тврдат дека станува збор за обид да се дискредитира владетелот од страна на New York Times, кој е во сопственост на катарските моќници кои постојано се обидуваат да го поткопаат влијанието на саудискиот принц.
Нема сомнеж дека ни најновиот скандал нема значително да ја разниша довербата на неговите поданици во безгрешноста на нивниот владетел.