Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според препораките на Комисијата за заразни болести, Македонија може да ги отвори своите граници на 1 јуни.
Првичната препорака беше македонските граници да се отворат на 15 јуни, но по одлуките на нашите соседи, Комисијата се предомисли и ја промени препорака. Иако датумот се знае, Комисијата нема донесено конечен протокол како и на кој начин граѓаните ќе можат да излезат или да влезат во земјва.
Алсат дознава дека Комисијата се уште дискутира дали ќе се воведе задолжителни тестови за корона вирус. За разлика од нас, соседите веќе објавија протокол кој што граѓаните треба да го почитуваат. Србија веќе ги отвори границите, но ги промени условите. Сега за влез во оваа земја нема потреба од корона тест ниту пак да се извадат посебни дозволи. Албанија донесе одлука за отварање на гранците од 1 јуни, а туристите ќе може да одат и на плажи од 10 јуни, кога ќе се отвори целото крајбрежје. И Црна Гора донесе одлука за отварање на границите, но само кон одредени земји кои ги исполнуваат критериумите да имаат 25 заразени на 100 илјади жители. Македонците, Косовците и Србите не се најдоа на црногорската листа за влез во оваа земја.
На оваа одлука експресно реагираа власите во Србија велејќи дека нема да донесет реципрочна мерка, но ги повикаа нивните граѓани да не одат во земја каде не се пожелни. Косово се уште нема донесено конкретна одлука кога ќе ги отвори границите. Инаку, речиси сите земји членки на Европската Унија ќе ги отворат границите на 15 јуни, по препорака на Европската Комисија.