Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Град Охрид од денес започна со отстранувањето на сите палми кои беа засадени на различни локации покрај Охридското езеро.
Сето ова доаѓа по последните препораки кои стигнаа од УНЕСКО, велат од општината. Овие дрва кои се сметаат за неавтохтони беа засадени за време на претходната локална власт во 2016 година. Во Охрид беа посадени 250 палми, но многу од нив пресушија и не ги издржаа временските прилики, пренесува Алсат.
„Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска издаде работен налог до ЈП „Охридски Комуналец” за отстранување на палмите од потегот на кејот Македонија и на потегот од каналот Студенчишта до поранешен хотел Парк“, се вели во соопштението од општината.
На место на досегашните палми се засадуваат локални садници на дрва односно јавор, јасен и ликвидамбер. Инаку за вкупно 1.100 влакнести палми кои беа засадени на повеќе локации низ државата пред околу две години, беа потрошени околу половина милион евра. Палмите се увезоа од Кина и секоја палма чинеше по 500 евра, Тие беа дел од проект на Владата на Груевски со кој на Македонија требаше да ù даде „медитерански шмек“.