Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Не ги бричев влакната, не ја фарбав косата и не се шминкав повеќе од 6 месец. Се чувствувам послободна од било кога во животот, тврди оваа блогерка.
Freelee the Banana Girl (37) е популарна блогерка, веганка и YouTube ѕвезда во Австралија која го напушти комодитетот на цивилизацијата и сето она кое за другите луѓе е нормално, па замина да живее во џунгла. Со своите пријатели редовно ги споделува своите нови животни навики. Тврди дека, освен што значително си го подобрила животот, заштедила и илјадници долари.
Како изгледа еден ден во џунглата
Таа моментално живее во колиба во јужноамериканската џунгла, заедно со својот партнер. Таму одгледуваат свое овошје, сами кројат прекривки и постелки на кои лежат и живеат минималистички стил на живот. Блогерката се откажа од секаква козметика (брич, шампони и шминка), со што заштедила околу 4.000 долари за помалку од 12 месеци.
Во едно од видеата кои ги објавува на својот YouTube канал, Фрили покажа како изгледа еден нејзин ден во џунглата. Наутро излегува од шаторот и најпрвин вози точак, потоа се тушира под тушот кој е поставен на едно дрво во близина.
Потоа ужива во овошјето нангки, кое расте на „нивниот“ имот. Оди по вода на потокот, а за ручек на мени има банани и папаја.
Преку ноќ направила коренити промени во животот
„Пред 11 години го променив името во Фрили бидејќи слободата ја сметам за нешто најсвето во животот“, напиша неодамна оваа блогерка на Инстаграм. „Оттогаш сум ослободена од робовласничката работа од 9 до 17 часот и се преселив во џунглата. Поголем дел од денот го минувам гола, ослободена од облеката која ограничува. Се хранам главно со органско овошје и зеленчук кои ги собирам на имотот. Се туширам со монсунската дождовница и пијам недопрена изворска вода. Се откажав од нездравиот начин на живот и пронајдов ми“, објаснува Фрили.
„Не сум ги бричела влакната, не сум се фарбала, ниту шминкала повеќе од 6 месеци. Се чувствувам слободна како никогаш досега. Но, ова не е случајна среќа. И вие можете да си создадете ваква слобода за себеси, а јас сум овде да ве инспирирам“, порачува Фрили, која е свесна дека нејзиниот начин на живот многумина го сметаат за чуден, но „да се биде чуден е моја специјалност“ заклучува таа.
„Не плашете се да бидете поинакви. Треба да се плашите да бидете исти како сите други“, ги охрабрува таа своите фанови. Таа одлучила коренито да го смени животот преку ноќ. Едно утро едноставно станала за на работа и одлучила трајно да расчисти со таквиот начин на живот.