Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
27-годишната Тејлор го запознала 52-годишниот Керн Леман преку својата 30-годишна пријателка Аманда, бидејќи Керн е татко на Аманда. Уште кога се запознале, веднаш пламнала интензивна љубов на прв поглед меѓу нив, а статија за нивната романса објави The New York Post, со наслов „Се омажив за таткото на мојата најдобра другарка и сега сум ѝ маќеа“.
„Ми беше многу згоден“, вели Тејлор за Caters News Agency. „Во времето кога се запознавме, работев со ќерката на Керн, Аманда. Таа беше моја најдобра пријателка. Беше мажена, а и јас бев во врска во тој период“, се потсетува Тејлор.
На почетокот Тејлор била малку скептична за тоа да почне да „оди“ со таткото од нејзината другарка, но вели дека после некое време го надминала тој сомнеж. Се венчаа во мај. „И моите родители на почетокот беа малку загрижени, мама беше вознемирена бидејќи тој е татко на мојата пријателка, но знаеја дека отсекогаш сум била во врска со повозрасни мажи“, вели Тејлор и додава дека нејзиното семејство сега го поддржува нивниот брак.
Вели дека имаат многу заеднички нешта кои ги поврзуваат, но и дека веќе разговарале за можноста Керн прв да почине. „Веќе се сретнавме со адвокат поради тоа, тоа не е тема со која многу жени во 20-тите години од животот треба да се носат. Но, кој знае што носи утре“, заклучува Тејлор.
Додава дека не планираат да имаат деца, а на сите оние кои ги осудуваат поради возрасната разлика им порачува: „Ако сте среќни, тоа не го засега никого друг освен вас. По ѓаволите оние кои вас ве осудуваат“.