Home Спорт Се огласи Роналдо: Сега не е моментот за нов договор!

Се огласи Роналдо: Сега не е моментот за нов договор!

Налутениот Кристиано Роналдо не сака да слушне за нов договор со Реал Мадрид во овој момент, тврди „Марка“ во денешното издание.

„Сега не е најдобриот момент за тоа“, бил одговорот на Роналдо.

Неговиот договор со Реал Мадрид истекува во 2021 година и беше обновен пред 14 месеци. Меѓутоа, неубедливите резултати оваа сезона ја влошија атмосферата во тимот и логично носителот на „Златна топка“ сноси наголеми критики.

Изминатите денови медиумите се полни со написи дека Роналдо не е среќен од фактот што заработува помалку од Меси, а некои медиуми тврдеа дека Перез е спремен и да го продаде.

Во однос на тоа Роналдо се уште не излезе со официјален став и изјава, со што додатно ги подгреа шпекулациите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…