Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчерашната трагедија во Италија кога се сруши мост во Џенова ја потресе Италија и целиот свет, а потоа преку социјалните мрежи и медиумите се огласија неколку познати спортисти.
По Кришито се огласи и поранешниот голман на Каљари, Давиде Капело.
Капело е 35 годишен поранешен голман на Каљари, а сега откри дека тој бил на местото кога се случила големата трагедија.
„Чудо е што сум жив. Одев кон Џенова и бев на мостот. Слушнав голема бучава, а во следниот момент се се сруши. Паѓав 30 метри со автомобилот, луѓето кои беа таму ми помогнаа да излезам. Навистина е неверојатно што останав жив“.
„Често пати поминував по тој мост, тој е еден од најкористените во државата. Ја гледав улицата како се руши и тоа беше шок. Не сфаќам како мојот автомобил помина без поголема штета, ова е вистинско чудо“, изјави поранешениот голман на Каљари.