Се огласи навивачот кој втрча во кафезот да го брани Мекгрегор (видео)


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Најголемиот УФЦ спектакл заврши со победа на Кабиб над Мекгрегор, но после борбата настана вистински хаос.

Кабиб ја прескокна оградата и ги нападна тренерите на Мекгрегор, а за тоа време Ирецот во кафезот се тепаше со тимот на Дагестанецот.

Меѓутоа, покасно на снимката се забележа дека Конор неше беше сам и дека еден навивач влезе во кафезот да гоп брани. Станува збор за Давид Мартин кој тврди дека тоа го направил од патриотски причини.

„Не би рекол дека тоа беше само адреналин. Повеќе преовладуваше патриотизам. Мислев дека Русија ја напаѓа Ирска. Видов многу Руси како влегувата во кафезот и одат кон Мекгрегор, кој беше уморен од борбата“.

„Знаев дека морам да реагирам и одлучив да му помогнам. Видов дека вратата од кафезот беше отворена и одлучив да влезам и да му помогнам на мојот сонародник“, објави навивачот.

https://twitter.com/Sir_DavidMartin/status/1052320195312644097