Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
После периодот на неизвесност, Ријад Марез денеска се врати во Лестер и продолжи со тренинзите.
Марез побрза да објасни што се случувало со него кога не беше присутен во базата на „лисиците“. Медиумите на Островот објавија дека тој бојкотирал поради одбивањето на клубот да го продаде во Манчестер Сити на крајот од јануари.
„Во текот на изминатите десет дена, многу луѓе кои ги сметам за мои пријатели, зборуваа за мене и за работи, за кои нипто не знаат. Наспроти ова, голем број други луѓе и новинари направија различни претпоставки без да ја потврдат вистината. Затоа сакам да ви објаснам дека сите овие нешта за моето отсуство не се точни. Ни јас, ниту моите агенти не коментиравме ништо и затоа сите овие претпоставки не се засноваат на ништо. Цело време Лестер знаеше каде сум и беше свесен за она што размислував – или директно од мене, или преку разговори со моите агенти.
„Бев дел од тимот на Лестер, кој направи толку многу успеси, вклучувајќи ја и титулата во Премиер Лигата. Моите цели секогаш биле исти, и јас отсекогаш давав 100% кога играм за тимот, за навивачите и за моите соиграчи. Истите цели остануваат и денес, и во иднина, кога од мене ќе се посака да бидам дел од тимот на Лестер, ќе дадам сѐ од себе“, се вели во соопштението на фудбалерот.
BREAKING: Riyad Mahrez has defended his absence from training and says he will continue to give his all for Leicester. #SSN pic.twitter.com/xp8BDXnrKj
— Sky Sports News (@SkySportsNews) February 9, 2018