Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По десетдневен молк, откако Никола Груевски пребега од Македонија во Унгарија за да избегне затвор, се огласи и спрскиот претседател Александар Вучиќ.
На прашањата на новинарите, потври дека бегалецот Никола Груевски преку граничниот премин Хоргош ја минал српско унгарската граница, со лична карта и со пропусница.
Во интервју за ТВ Хепи Вучиќ рече дека Груевски на 11 ноември ја напуштил Македонија и со лиќна карта, во друштво на двајца унгарски државјани влегол на територијата на Албанија, од каде преку граничниот премин Божај преминал во Црна Гора.
Груевски на 12 ноември нешто пред 22.30 часот преку граничниот премин Гостун со лична карта влегол во Србија, од каде заминал за Унгарија преку граничниот премин Хоргош, каде се легитимирал со лична карта и со пропусница што ја добил од Албанија.
„Дури на 13 ноември во 19.35 од страна на Интерпол Скопје ни беше доставена меѓународна потерница. Што очекувате? Да апсиме луѓе за кои не е распишана потрага? А камо ли меѓународна потерница“, рече Вучиќ додавајќи дека она што тој го кажал, е вистината за тоа како Груевски заминал во Унгарија.
Вчера, на унгарскиот амбасадор во земјава Ласло Дукс му беше предадена протестна нота по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.