Се огласи и дедо Петар за телевизијата што сака да ја отвора


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После медиумската објава на „Фокус” дека владиката Петар три дена не одговара на новинарски прашања поврзани со најавата за телевизијата која тој ќе ја отвора, а ќе се емитува во скопскиот регион, македонскиот владика конечно дал кратка изјава, пренесува „Фокус“.

-Пред да започне активно да функционира телевизијата, сите заинтересирани ќе бидат информирани – е неговата кратка изјава која ја добивме во порака на Вибер.

Одговор на поставените прашања околу тоа каква програма ќе се емитува на телевизијата, дали ќе има забавна или пак и политичка програма, дали се оформени уредничките тимови, и колку финансиски го чини овој проект владиката, сепак не добивме.

Ниту на прашањето дали евентуално тој ќе одржи прес конференција на која ќе ги открие деталите, исто така не одговори.

Како потсетување, пред три дена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потврдија дека тој ќе отвора телевизија.

На Друштвото за производство, туризам, промет и услуги „Преобразба“ ДООЕЛ Скопје, чиј основач и управител е лицето Петар Каревски, односно владиката Петар, му било одобрено да отвори телевизиски канал, информираа од АВМУ.