Се огласи Гризман: Се уште не сум донел одлука!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Антоан Гризнам ќе го напушти Атлетико Мадрид ова лето и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, па напаѓачот јавно се огласи на таа тема.

На својот профил на Твитер, Гризман напиша дека гласините за негово заминување не се точни, но сепак не ја отфрли можноста за такво сценарио.

„Сите тие гласини не се точни, јас сеуште сум „јорганџија“. Одлуката ќе ја донесам по разговорот со своите спортски советници“, напиша Гризман на „Твитер“.

Инаку, Гризман самиот ги засили шпекулациите за трансфер во Манчестер Јунајтед, кога гостувајќи во една француска телевизија, изјави дека на „скалата од еден до десет, шансите да одам во Манчестер Јунајтед се шест“.