Се огласи Дибиров и испрати порака до фановите (фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар денес доживеа вистински егзодус. Критшопанс го официјализираше трансферот во Фуксе Берлин каде што ќе игра до крајот на сезоната, па ќе се пресели во ПСЖ.

Не помина половина час потоа беше објавено дека Калифа Гебдан постигнал договор со Адамaр Леон, сепак Гебдан барем ќе остане до крајот на сезоната. Вардар веднаш го напушта и Павел Атман. Атман денес го официјалираше трансферот во Спартак Москва.

Новонастанатата ситуација во Вардар денес ја коментираше и играчот со легендарен статус во клубот, Тимур Дибиров.

Тој со порака на Инстаграм директно им се обрати на фановите на „црвени црните“.

„Драги фанови, знам дека сега ние е во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани,но сега е момент за сите нас да се обединат и да покаже дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш,и сите заедно ќе се даде поддршка кога е најтешко, ве повикувам сите во салата и да го покажеме што е љубов,заедно можеме да направиме се“, на симпатичен македонски јазик напиша Русинот.