Се огласи Бејл: Можеби ќе останам, а можеби не!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иднината на Герет Бејл во Реал Мадрид се уште е „жешка“ тема, па шпанските медиуми тврдат дека ова лето Велшанецот може да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Од друга страна со заминувањето на Кристиано Роналдо тешко е да се замисли дека „кралевите“ ќе се разделат со уште една голема ѕвезда.

Самиот Бејл е незадоволен од минутажата, но после заминувањето на Зидан и Роналдо за него ќе се отвори поголем простор, па самиот тврди дека нема се уште донесено конечна одлука.

„Можеби ќе останам во Реал Мадрид, а можеби и не. Треба да зборувам со мојот агент и да одлучам. Имам потреба од поголема минутажа. Бев фрустриран што не бев стартер во финалето на Лигата на шампиони“, изјави Бејл.