Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Меѓународните донатори ветија хуманитарна финансиска донација за Сирија и соседите, земји кои обезбедија прибежиште за бегалците, во висина од 4,4 милијарди долари, соопшти виш претставник на ОН.
Сепак, ова е значително помалку од преку 7-те милијарди коишто светската организација ги бараше претходно.
Марк Ловкок од Канцеларијата за координација и хуманитарни прашања при ОН, ова го изјави за време на меѓународната донаторска конференција во Брисел.
Тој додаде дека за 2019-та година се очекува дополнително ветување од 3,3 милијарди долари.