Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од вкупно 953 тестови што биле направени во текот на вчерашниот ден позитивнина Ковид-19 биле само 23 теста, па Владата во текот на оваа недела се очекува да ги прифати мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести во минатата недела.
Тие се однесуваат на укинување на задолжителното носење на маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, во аптеки, во јавен превоз и во домови што згрижуваат лица. Препорачано е, исто така, и да не се следат контактите на новозаболените.
Засега остануваат актуелните мерки за учениците од основните и од средните училишта да немаат обврска за носење на заштитна маска при следење на наставата, а дозволено е да се организираат училишни екскурзии. Студентите повторно ја следат наставата со физичко присуство, но задолжително е носење заштитна маска. Зголемен е капацитетот на отворен и затворен простор до 75 проценти и укината е обврската за задолжително поседување на сертификат за вакцинација или прележаност на ковид-19 за отворените делови на угостителските објекти и во шопинг центрите.
Бројот на активни случаи на ниво на држава е 1.211.