Се обратија преку ривалот Твитер: Најголемиот прекин на Фејсбук досега


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фејсбук корисниците од вчера вечерта, поточно од попладневните часови, мака мачат со конекција на социјалната мрежа, како и на Инстаграм, ВатсАп и Месинџер апликациите, како последица на најголемиот прекин кој софијалната платформа го имала досега. Проблемот, кој трае повеќе од 14 часа, се смета за еден од најголемите што ги претрпел досега Фејсбук.

Фејсбук мораше да се обрати кон јавноста преку својот ривал Твитер за да објасни дека има проблем.

Дел од корисниците на Фејсбук и други платформи во сопственост на технолошкиот гигант – вклучувајќи ги и Инстаграм, Месинџер и Ватсап – пријавија различни проблеми со пристап до услугите и објавување на содржините.

Се чини дека прекинот во раните утрински часови беше намален, кога Инстаграм објави твит велејќи „Ииии… се вративме” со гиф на Опра Винфри.

За време на прекинот, корисници на Фејсбук кои сакаа да се логираат добиваа порака: „За жал, нешто тргна наопаку. Ние работиме на тоа да го поправиме што побрзо”.

Долгиот прекин го вознемири маркетинг секторот кој троши големи количини на пари за да стигне до потенцијални клиенти на Фејсбук платформите. Предводничката социјална мрежа на компанијата има повеќе од 2,3 милијарди корисници, а Инстаграм има повеќе од 1 милијарда долари.

Луѓето се свртија кон Твитер за да ги споделат своите фрустрации за проблемите. Хаштагот #FacebookDown и #InstagramDown беа трендинг на Твитер поголемиот дел од денот.

Проблемите започнаа во средата попладне влијаејќи на корисниците во повеќе региони, вклучувајќи ги и САД, Централна и Јужна Америка и Европа, според твитовите и сајтот за следење на прекините DownDetector.com. Корисниците во Азија имаа проблеми утринава.

„Свесни сме дека некои луѓе во моментов имаат проблеми со пристапот до семејството апликации на Фејсбук. Ние работиме што е можно поскоро да го решиме проблемот”, објави Фејсбук на Твитер.

Причината за прекинот и проблемите сè уште не се официјално соопштени.