Се носи како огрлица: Ploota е најмалиот појас за спасување од давење


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ploota, најмалиот појас за спасување во случај на давење, е револуционерна иновација која е составена од две мали воздушни перничиња на надувување кои, во случај на потонување, се полнат со јаглероден диоксиод со помош на паметен систем за активирање.

Покрај автоматското активирање со помош на сензори, Ploota може да се активира и рачно од страна на неговиот корисник.

Рејнер Факеш, изумителот на Ploota, ја открил важноста на мерките за безбедност во вода кога еден негов член на фамилијата замалку се удавил.

Тоа го инспирирало да го создаде Ploota – паметниот уред кој се носи околу врат и се активира доколку со него се најдете под вода повеќе од 30 секунди. Откога е активиран, двете јастучиња од страните се надувуваат и го извлекуваат оној кој го носи на површината.

Тој е 50 пати помал од регуларните сунѓерести јакни за спасување, а доаѓа во 3 големини: S, M и L. Направен е од лесен и мек материјал (тежи само 280гр.) кој не пречи при пливањето и разните водени активности, а користи малечки канистри со јаглероден диоксид кои лесно се менуваат по употребата со нови.

Ploota треба да почне да се испорачува во октомври, по цена од околу $70.